Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, за исто толку поевтинуваат и екстралесното и мазутот, додека цената на дизелот се намалува за денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, цената на литар еуросупер БС-95 изнесува 81,5 денари, а на еуросупер БС-98 изнесува 83 денари. Малопродажната цена на еуроздузелот изнесува 71 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 60,00 денари. Новата цена на килограм мазут М-1 НС изнесува 42,524 денари. Цените на нафтените деривати во Македонија се намалени и покрај тоа што на светските берзи цената на сировата нафта благо порасна за 0,195 отсто. Најновото намалување на цените се должи на намалување на курсот на денарот во однос на доларот за 1,61 отсто.
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, за исто толку поевтинуваат и екстралесното и мазутот, додека цената на дизелот се намалува за денар.
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, цената на литар еуросупер БС-95 изнесува 81,5 денари, а на еуросупер БС-98 изнесува 83 денари.
Малопродажната цена на еуроздузелот изнесува 71 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 60,00 денари.
Новата цена на килограм мазут М-1 НС изнесува 42,524 денари.
Цените на нафтените деривати во Македонија се намалени и покрај тоа што на светските берзи цената на сировата нафта благо порасна за 0,195 отсто. Најновото намалување на цените се должи на намалување на курсот на денарот во однос на доларот за 1,61 отсто.